Јанчева: Данела Арсовска не се појавува на советнички прашања, не одговара ниту писмено, не го образложува буџетот…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градот Скопје и хаосот со јавниот превоз е дебатата во денешниот „Дејли Клик“ на ТВ21.

Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје рече дека комуникацијата е катастрофална со градоначалничката Данела Арсовска, и рече дека не доаѓа на советнички прашања, ниту одговара писмено.

„Затоа граѓаните не избрале, да се бориме за граѓаните. Така и градоначалникот има обврска и пред граѓаните да одговори, односно пред нас да добиеме одговори на прашања. Таа не доаѓа на советнички прашања, има можност да поставиме прашања писмено, но и на тие не добиваме одговор, и ние се откажавме. Јас немам сретнато градоначалник до сега што не дава отчет за буџетот. Барем да се појави да го брани буџетот, тоа го нема“, рече Јанчева.