Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 каде разговараме на тема ќе успее ли мнозинството со законските измени за „Бехтел и Енка“.
Го прашавме дали има заплашување во изјавите дека доколку овие законски измени не се изгласаат, ќе мора да плаќаме повеќе.
Според Каевски, проектот е целосно транспарентен, и граѓаните мора да знаат колку ќе ги чини со оглед на тоа дека тоа се средства од буџетот.
„Апсолутно нема заплашување, туку мораме на јавноста да и кажеме… пред се, ова е транспарентен процес и јавноста мора да знае колку ќе ги чини тоа бидејќи се средства обезбедени од буџетот, односно тоа се средства на граѓаните“, вели Каевски.
