Како по јуни да се брани кредибилитетот на ЕУ? – Маричиќ: Ние од европскиот пат нема да се откажеме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку во јуни нема почеток на преговори и работата да остане статус кво, како понатаму би се бранел кредибилитетот на Европската Унија и воопшто аспирацијата да се биде дел од ЕУ?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој посочи дека би дал посериозни предлози некаде кон крајот на јуни кога точно ќе се знае како изгледа ситуацијата.

„Но, она што е сигурно дека ние од европскиот пат нема да се откажеме и не можеме да се откажеме. Никогаш не ни било лесно, тежок ни беше патот и до тука, тежок ни беше патот и до членството во НАТО да не заборавиме“, вели Маричиќ.