Камион полн со мигранти излета кај марвинци – повредени се 24 лица, двајца се во болница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вчерашната сообраќајна несреќа на клучката кај Марвинци повредени се 24 мигранти, а двајца со тешки повреди се задржани в болница.

Несреќата се случи вчера по 18 часот на регионалниот пат Гевгелија-Демир Капија, откако камион кој превезувал 49 мигранти излетал од патот, по што возачот избегал.

Официјално, патниците биле од Сирија. Во давањето на здравствена помош на повредените учествувале екипи на итната помош од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Неготино.

Еден од мигрантите имал потешки повреди, додека останатите се со полесни.