Кардиохирургијата во „Аџибадем Систина“ прерасна во водечки кардиохируршки центар во регионот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Брза и точна дијагностика, најсовремен хируршки третман на срцеви заболувања, 24-часовен мониторинг, врвна интензивна нега под водство на докажаниот кардиохируршки тим во регионот. Кардиохирургијата во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ прерасна во најсовремен хируршки центар, а за пациентите од земјава сите хируршки интервенции се покриени од државниот Фонд за здравствено осигурување (ФЗОРСМ). На Одделот за кардиохирургија се врши комплетен третман и на најтешките случаи, со минимално инвазивни интервенции поради што „Аџибадем Систина“ е на нивото меѓу најреномираните кардиохируршки центри. Тимот го предводи проф. д-р Александар Николиќ кој има големо искуство, а сите изведени интервенции ја докажуваат стручноста и ја позиционираат оваа кардиохирургија на нивото на светски познатите. Пациентите имаат можност овде во земјава да добијат комплетна дијагностика и третман, што е исклучителна предност за секој осигуреник.

Инаку Одделот за кардиохирургија е изграден според најсовремени светски стандарди. Се состои од интензивна нега, хоспитален дел, операциони сали и амбуланти. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот.

СОВРЕМЕНА АПАРАТУРА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА И ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕТО

Кардиохируршка интензивна нега во „Аџибадем Систина“ располага со 11 кревети и најсовремена апаратура за реанимација и интензивно лекување, што овозможува третман и нега на сите тешко заболени пациенти, како во раниот постоперативен период, така и за оние кои се со хронични заболувања. Тимот од врвни експерти од областа на интензивното лекување овозможува здравствена нега според светски стандарди и протоколи и индивидуален пристап во лекувањето. Индивидуалниот пристап започнува со првата средба со пациентот, каде што се одлучува за најсоодветната хируршка постапка, продолжува преку врвна хируршка нега, а завршува со планирање и спроведување на соодветна програма за рехабилитација.

НАД 50 000 ИНТЕРВЕНЦИИ

Кардиохируршкиот центар во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ е составен од светски реномирани доктори, а меѓу нив се: професор д-р Александар Николиќ, кој во моментов е и шеф на одделот, проф. д-р Салис Таџер, д-р мед. науки Владимир Емануиловиќ Белостоцки, доц. д-р Владимир Чадиковски, д-р Ељвис Мустафа, д-р Александар Божиновски, д-р Дарко Бислимовски, д-р Иво Паунковски и д-р Стефан Ќулумов. На овој оддел досега се изведени над 50 000 интервенции на срце, меѓу кои и операции на отворено срце (исхемична срцева болест, валвуларна хирургија, минимално инвазивна валвуларна хирургија, хирургија на аорта и супраортни разгранувања, конгенитална срцева болест кај возрасни). Шефот на одделот проф. д-р Александар Николиќ е основоположник на современата кардиохирургија во соседна Србија, а поголем дел од сложените кардиохируршки интервенции што се изведуваат во регионот ги прави единствено тој. Почнал да работи уште во 1990 година, а во 1998 година ја вовел минимално инвазивната кардиохирургија во Србија. Во 2017 година ја извел првата операција со која стави вештачко срце во Србија, прва ваква во регионот. Човекот што го добил срцето е сè уште жив и е светски рекордер кој најдолго живее со вештачко срце. Една година подоцна, искуството го пренесе и во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ каде што во 2018 година беше вградено првото вештачко срце во Македонија. Проф. д-р Николиќ ја имаше честа да биде дел и од тимот кардиохирурзи кои ја направија првата кадаверична трансплантација на срце во земјава.