Касами откри зошто решил да остане градоначалник на општина Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Движењето Беса, воедно и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами утрово во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 откри зошто не добил функција на централно ниво туку продолжил како градоначалник на општина Тетово.

Според Касами, најважно било да се продолжи како градоначалник бидејќи, како што вели, има проекти кои не се реализирани и мора да се завршат до крајот на мандатот.

„Јас имам прв мандат и општо познато е дека многу проекти на општинско ниво се проекти кои бараат повеќе време и не можат да се завршат за две години. Што е поважно, кој ќе дојде и од која партија ќе дојде наследникот, секако дека ќе дојде со свои ветувања, со своја понуда, проекти и имаше ризик сето ова што го правевме две години да не продолжи со таа динамика што и е неопходна на Тетово, затоа оценивме дека мојата најважна улога ќе биде да продолжам на чело на општина Тетово отколку да бидам централна власт“, ​​рече Касами.