Каталонија се подготвува за нов референдум за независност, ова би било прашањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на Каталонија изнесе конкретен предлог за нов референдум за независност од Шпанија, на кој негативно веднаш реагираше централната Влада во Мадрид.

„Гласањето е можно, само е прашање на политичка волја“, рече регионалниот претседател Пере Арагонес Гарсија.

На гласачите би се поставило прашањето: „Сакате ли Каталонија да стане независна држава“, на кое би се можело да се одговори со „да“ или со „не“, рече тој.

Арагонес кажа дека таков референдум може да се одржи на темелот на членот 92 на Уставот кој дозволува на референдумот да се гласа за „политички одлуки од посебна важност“.

Референдумот треба да го распише кралот Филип шести, на предлог на шпанскиот премиер, откако претходно ќе го одобри парламентот. Но, предлогот веднаш бил одбиен од владата во Мадрид. Министерот за правда Феликс Болањос кажа дека е против тоа.