Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, пренесува Сител.
Според неофицијалните информации, по спроведената проверка, Управата за извршување на санкции констатирала неправилности во отпустот кој на Јанева и овозможуваше делумна слобода, односно да работи во приватна канцеларија.
Наводно било утврдено дека Јанева воопшто не одела на работа, по што била упатена на издржување на казната во Идризово. Се очекува официјална информација од Управата за извршува на санкции.
Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13.