Кацарска: Се надевам дека ќе се отвори Уставот и во него ќе се внесе и уставна тужба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, вечерва во ТВ21 во „Клик Плус“ кажа дека се надева дека ќе се отвори Уставот за да се внесат Бугарите во него, и дека ќе се внесе и уставната тужба, која според неа, е важна за државата.

„Очекував дека со отворањето на Уставот, во Уставот ќе се внесе и уставната тужба. Уставната тужба значи многу на граѓаните, затоа што им даваме можност да ги остварат своите права во матичната држава, но и самата држава ќе има многу бенефит. Еден предмет помаллку да оди во меѓународен суд, една пресуда помалку, значи многу. Тука е угледот на државата, што е за мене многу важно“, рече Кацарска.