Кацарска: Згрозена сум од прислушувањето, монструозно е да ги слушате другите луѓе, се растурија семејства…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добрила Кацарска вечерва беше гостин во првото издание во новата сезона на „Клик Плус“ на ТВ21. Претседателката на Уставен суд зборуваше за прислушувањето, за кое кажа дека тоа е монструозно.

„Згрозена сум. Кое е тоа монструозно однесување, да ги слушате другите луѓе, се нарушуваа семејства, доаѓаа разни проблеми во семејствата, која е таа желба да влезете во дневната или во спалната соба на некој човек“, рече Кацарска.