Ќе има ли нафта ЈСП од понеделник?! Се трошат позајмените количини, договор за редовна набавка нема!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈСП не можело само да функционира, требало да добива субвенции. Ова го покажувале извештаите од изминатите неколку години. Дека имаат проблеми, тоа не е новина, туку сега недостигот на нафта излезе на виделина. Советничката во Град Скопје од реводите на СДСМ, Љубица Јанчева вели дека поради лошото менаџирање состојбата сега ескалирала. Додава дека со одлука на владата да позајми нафта на ЈСП, краткорочно е решен проблемот, бидејќи се уште нема одлука за редовно снабдување.

„Состојбите во ЈСП се такви какви што се. Советниците укажуваа денови и години наназад и не се од сега такви. Значи, ако ги погледнеме извештаите за работа на ЈСП нему субвенции му требале, не една, две, пет, туку 10 години наназад. Зошто субвенции. Затоа што имал потешкотии во работењето“, рече Јанчева.

Според нејзината колешка од советот, но од редовите од ВМРО-ДПМНЕ, лошото менаџирање со Градот, но и со јавните претпријатија, е причината поради која се доведовме до оваа ситуација.

„Благодарение на лошото менаџирање на Градот Скопје и на менување на над 10-тина директори во ЈСП, дојдовме до оваа ситуација. Не е ова криза, ова е крах на ЈСП. Во иднина очекуваме, по најавите и во другите претпријатија има големи проблеми, така што менаџментот слабо или воопшто во градот не се снаоѓа добро. Од таа причина владата мораше да најде решение на крајот рок.“, изјави Марковска-Илиевска.

Советникот Никола Пановски, вели дека најголемиот проблем е немањето консензус од страна на најголемите политички партии за потребите и интересот на граѓаните. Како што вели тој, доколку се изгласаше предлогот за набавката на нови автобуси, или предлогот за БРТ од претходниот градоначалник, немаше да го имаме проблемот денеска.

„Можевме да го решиме проблемот ако имаше заедништво и разбирање и до сега ќе стигнеа овие 50-тина автобуси, кои по 26-ти пат не се изгласаа. Да беше консензуално или барем 50тина проценти повеќе, за брзиот евтобуски превоз, за кој седат 70 милиони евра, за кои плаќаме 350 илјади евра секоја година, пошто сме многу богати. Да наредам се за што плаќаме а не се гради или пропаднало, не само во градов туку и надвор, тоа ќе значи дека ние работиме само за камати за пропаднати проекти зарди тоа што нема разбирање меѓу најголемите партии“, рече Пановски.

Како што е познато ЈСП пред неколку дена беше целосно во колапс, односно остана без нафта поради тоа што Бирото за јавни набавки го поништи тендерот поради како што велат неправилности. Градоначалничката Арсовска тврди дека се било регуларно, а поништувањето на тендерот е поради политички опструкции.