Ќе мируваат побарувањата од банките? – Извршителите не ја коментираат изјавата на Заев дека не треба да работат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс, премиерот Зоран Заев во синоќешното издание на дебатниот магазин „Clikc Plus“ на ТВ21 најави дека комерцијалните банки следните три месеци нема да вршат побарувања од своите клиенти поради вонредната состојба.

„Резервациите кои комерцијалните банки треба да ги прават доколку ги одложат ратите во кои спаѓа главнина и камата за граѓаните и за компаниите погодени од коронавируост со директен импакт да ги одложат за април, мај и јуни односно ратите кои што треба ги плаќаат одложено, тоа значи се поместува за три месеци“, истакна Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, најави и дека во следните три месеци ќе запре работата на извршителите, но ТВ21 денеска се обиде да контактира со дел од нив од каде не сакаа да коментираат изјава на лидер, велат дека тоа е несериозно и дека тие не може да не работат.

Економскиот аналитичар Љупчо Зиков истакна дека вирусот ќе помине, но ќе остане пустошот во економијата.

„Во еден момент вирусот ќе исчезне. Дали тоа ќе биде во април или мај или во јуни, тој ќе замине. Но, пустошот што ќе остане во економијата , со таа ние ќе треба да се соочиме како и сите земји во светот повеќе години понатаму“, вели Љупчо Зиков.

Финансискиот консултант Горан Рафајловски пак во дебатниот магазин посочи дека се надева оти техничката Влада повеќе нема да ни се случи. Дециден е дека во моментов немаме титулар во вонредната ситуација.

„Мерките што ги носи моменталната техничка Влада која се надевам повеќе нема да ни се случи во животот, мразам кога имаме технички влади, а немаме сериозни титулари“, додаде Горан Рафајловски.

Заев најави и нови економски мерки со кои ќе бидеме земја со најголема помош во регионот по глава на жител. Упати и апел до сопствениците на компаниите.

„Ве молам да не ги испуштаме работниците, ако ги отпуштиме ќе биде лошо за државата, тоа е нашиот народ. Да не заборавиме дека тешко е да се најде добар квалификуван работник. Државата ќе помогне со се што може“, вели Зоран Заев.

Во дебатниот магазин беше заклучено дека нашата држава подобро ќе се справи со кризата од сите земји во регионт, но секако со долготрајни последици од коронавирусот.