„Ќе направиме се за мирно и достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев“, рече Ковачевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека државата ќе стори се за достоинествено одбележување на 4. февруари, роденденот на Гоце Делчев.

„Како што јас му кажав на бугарскиот премиер, ние како држава ќе направиме се 4. февруари да биде одбележан на достоинствен начин, без провокации и граѓаните може да бидат мирни и да достоинствено да го чествуваат роденденот на великанот. Засега нема најава за официјална делегација од Бугарија.“, изјави Ковачевски