Ким Јо Џонг: САД и Западот „си играат со оган“ во односите со Русија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американската воена помош од осум милијарди долари за Украина е „неверојатна грешка и лудост“, изјави Ким Јо Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Таа предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со Русија, нуклеарна суперсила.

Ким нагласи дека Вашингтон го влошува конфликтот помеѓу Украина и Русија, доведувајќи цела Европа на работ на нуклеарна војна. „САД и Западот не смеат да го игнорираат сериозното предупредување на Русија“, рече таа во изјавата објавена од државната новинска агенција.

Според неа, помошта за Зеленски во воените дејствија против Русија е „опасна и неодговорна игра“. Ким, која зазема висока позиција во Работничката партија на Северна Кореја, редовно изразува ставови за политичките и безбедносните прашања.