Кина од Русија бара двојно повеќе електрична енергија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Единствената руска компанија за извоз на електрична енергија „Интер РАО“ соопшти дека Кина побарала двојно да се зголеми количината на струја што се испорачува на Пекинг.

Недостигот на електрична енергија во многу делови на Кина, поради проблемите со снабдувањето со јаглен, негативно влијаат врз секојдневниот живот.

Претставникот на „Интер РАО“, Александер Панин изјави дека Кина побарала зголемување на испораката на електрична енергија.

– Побараа 555 милиони киловат часови месечно. Речиси двојно повеќе за ноември и за декември. Се надеваме дека оваа година за Кина ќе обезбедиме рекордно количество електрична енергија, посочи Панин.

Тој додаде дека во моментот на Кина и се испорачуваат 285 киловат часови.

Рускиот извоз на електрична енергија во Кина минатата година се намали на три милијарди киловат часови, што е пад од 1,3 отсто во однос на 2019 година.