Кирацовски: Оној што се сликаше со нас е на обвинителна клупа, оној што се сликаше со вас е во Будимпешта и ви дава инструкции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, со фотографија на која беше тој и Бојан Јовановски – Боки 13, излезе на говорницата на расправата за законот за ЈО.

„Ова е фотографија со мене и Јовановски. Оној кој што се сликаше со нас е сега на обвинителна клупа. Оној што се сликаше со вас е во Будимпешта и ви дава инструкции. Тоа значи дека има правда, дека не е важно кој е што е, туку ќе си одговара. Да беше сега во времето на ВМРО-ДПМНЕ, вие ќе го спасувавте и не фотографии, ќе правевте филм со него“, рече Кирацовски.