реклама

Климатските активисти се залепија на пистата на аеродромот во Берлин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Аеродромот Бранденбург во БЕРЛИН вечерва објави дека летовите се обновени со мали доцнења откако активистите на „Последната генерација“ излегоа и се залепија на пистата.

Активистите го пренесуваа во живо својот протест на Твитер, покажувајќи како користеле лепак, пред да ја пресечат оградата за да добијат пристап до пистата.

реклама

„1% од луѓето се одговорни за 50% од летовите“

Демонстрантите ја повикаа владата да ја прошири понудата за евтин железнички превоз.

реклама

„Еден процент од влијателната популација е одговорна за околу половина од летовите што испуштаат стакленички гасови“, велат од групата, додавајќи дека меѓу демонстрантите има и 70-годишен маж.

Портпаролот на аеродромот рече дека полицијата привела некои активисти.

реклама

Некои летови ја сменија рутата

Веб-страницата за следење летови FlightRadar24 покажа дека некои летови биле пренасочени.

Тринаесет летови беа пренасочени кон аеродромите во источната сојузна покраина Саксонија, објави мрежата rbb, повикувајќи се на Mitteldeutsche Flughafen AG, која управува со аеродромите во Дрезден и Лајпциг.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама