Кога другпат Мицкоски бил со „рачињата во медот“, па Арсовска рече: Никогаш нема да излезе од тендер матрицата? Одговара во #ClickPlus

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека стои позади сето она што го кажала за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас сметав дека дента се што имав да кажам, кажав, стојам позади тие зборови меѓутоа поважно од се е да се фокусираме на она да ги реализираме проектите кои што сме ги ветиле да ги реализираме за доброто на граѓаните. Тоа што го прават поедници, тоа на нив треба да им служи на чест и јас не сметам дека треба повеќе да размислувам на сите тие работи. Одговорноста ќе си дојде онаму каде што е, а она што ме прашавте дали  стои позади мене и дали сум сигурна, сигурна сум затоа што знам што правам, верувам во своите чесни намери и ги наѕрав нечесните намери на спротивната страна и верувам дека доколку сите оние луѓе кои што стоеле околу него биле чесни ќе се ограделе од таквиот тип на однесување. Наспроти видовме само голем број на останати директори кои што како на копче практично сервилно почнаа да даваат оставки со што покажаа и докажаа дека никогаш не им бил интересот на граѓаните на прво место“, рече Арсовска.