Кого ќе стрела Апасиев? – Левица: Со Заев не преговараме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако на изборите освои два мандата, партијата Левица за првпат влегува во Собрание. Синоќа, претседателот на партијата, Димитар Апасиев на неговиот профил на Фејсбук, напиша реченица која истовремено звучи и заканувачка, и одбивна за сите… 

„Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе!“

Кога на денешната прес-конференција го прашавме на кого се однесува напишаното, Апасиев изгледаше малку збунето во неговиот одговор. Не сакаше да открие на кого мисли кога вели „сите“.

Но, со кого може да коалицира Левица со овој заканувачки вокабулар?

Апасиев се сомнева дека неговата партија е оштетена за најмалку 10 илјади гласа.

Од партијата велат дека ќе поднесат кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија.