Кој се држави дозволуваат влез со патна исправа на која стои старото име на државата – Република Македонија?
На ова прашање во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.
Тој вели дека со соседните држави имаме билатерален договор за патување со лични карти, и истите дозволуваат транзит со стар пасош.
Но што е со земјите членки на ЕУ?
„Дописот кој го добивме сите институции пишува вака: ЕК се изјаснила дека нема надлежност да одлучува за индивидуалните постапувања на земјите членки во однос на патните исправи“, вели Бојмацалиев.
Според него, тоа значи дека самите земји одлучуваат дали ќе дозволат влез.