Кој треба да биде градоначалник на Скопје, Арсовска или ВМРО-ДПМНЕ? – Костовски: И денес ја плаќам цената за непослушноста

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Трифун Костовски денеска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 говореше за случајот меѓу сегашната градоначалничка Данела Арсовска и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека стилот за тоа кој треба да биде градоначалник бил наметнат уште од времето на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Јас не дозволив Груевски да биде градоначалник, и тоа денеска исто така ја плаќам цената за мојата непослушност тогаш кон ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 1000 алатки како може да ме закочат“, вели Костовски.

Според Костовски, на градоначалничката и се случува истото како и некогаш што му се случило него.

Во продолжение целата изјава: