Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази став во врска со актуелните случувања на тема „Вонреден конгрес“.
Тие во соопштението доставија потписи од 39 пратеници кои изразуваат безрезервна поддршка кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ и кон Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Коментар на оваа тема вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 побаравме од Ивица Коневски од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека се уште не е запознаен со реакцијата од пратеничката група, но верува дека доколку дојде до промена на раководството во партијата на Вонредниот конгрес, истите пратеници ќе застанат позади новото раководство.