Конференција „Младите во Отворен Балкан“ – за подобри услови за живот на младите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Младите да не се иселуваат туку да им се даде можност сами да креираат политики. Ова е пораката од конференцијата што во Скопје се одржи на тема „Младите во Отворен Балкан“.

„Младите ја заслужуваат целата поддршка од институциите. Ние вложувајќи во младите, вложуваме во иднината. Целта е заедничка соработка за големи успеси на сите млади во регионот. Ние немаме друга алтернатива, освен да создаваме мостови на поврзување на младите  да го трасираме патот по кој тие можат да се реализираат и да бидат промената што сите ја сакаат“, вели Наумче Мојсовски.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги истакна заложбите на министерството кои што ги вклучува младинските политики кои овозможуваат полесно вклучување на младите на пазарот на трудот.

„Како Влада и како МТСП навистина сме насочени кон едно системско решавање на проблемите и еден системски пристап во решавање на проблемите со кои се соочуваат младите во Северна Македонија во делот на вработувањето и во делот на стекнување вештини кои ќе ги направат многу по атрактивни на пазарот на трудот и полесно вработливи“, порача Јованка Тренчевска.

Министерот за Млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ вели дека ова е можност за меѓусебно учење чие искуство ќе се имплементира преку стратешките документи. Според него тоа е со една заедничка цел, овој регион да се крои по мерка на сите млади лица, бидејќи како што вели, тие се иднината и движечката сила на утрешнината, а одлуката за промена треба да ја носат сите.

„Горд сум што гледам млади од регионот кои се подготвени да соработуваат и се слушаат меѓу себе. Млади кои се подготвени да учат едни од други и млади кои ќе бидат движечка сила и ќе бидат потпора за иднината и просперитетот за кој заедно го очекуваме. А тој ќе биде по мерка на сите нас во регионот“, вели Вања Удовичиќ.

Македонија е прва земја од западен балкан, а и единствена надовор од ЕУ која почнала да ја спроведува гаранцијата за млади, според која во рок од 4 месеци заводот за вработување треба да им обезбеди работа на младите, а тука се вклучени и праксата и обуките за што подобро работно место.

error: Content is protected !!