„Коридор 8 ќе ја направи земјата поконкурентна“ – Законот сѐ уште не се нашол пред пратениците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за инфраструктурата на земјата и кој ќе ја направи земјата поконкурентна – рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Запрашан за тоа кога се очекува Законот за коридорот 8 да оди во Собрание, министерот рече дека по потпишувањето на меморандумот и усвојувањето на владина седница, со брза динамика ќе се реализираат градежните активности, но без да каже конкретно кога законот ќе стигна во Собрание.

„Коридорот 8 е еден од стратешките проекти во инфраструктурата на земјата и земјата ќе стане поконкурентна. Ќе помогне и во економијата на земјата. Што се однесува до конкретниот проект, како што се меѓународните стандарди за безбедноста на транспортот и за заштита на животната средина. Ќе се финансира од буџетот на РСМ. Откако се потпиша меморандумот во Влада, претходно беше усвоено во владина седница и сега институциите на земјата треба да видат која е најсоодветната форма и најефикасната динамика да се реализираат и другите фази за да може проектот потоа, што се однесува до законот, да се реализира во релативно брза фаза“, посочи Бесими.