Коронавирус во Македонија: Прв случај во Охрид, во Скопје бројката се искачи на 34

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со новите 19 случаи на коронавирус во нашата земја, бројката се искачи на 67 заболени.

Денеска имаме прв потврден случај во Охрид на лице кое се вратило од Бреша, Италија.

Град со најмногу заразени е Скопје кој има 34 лица, Дебар и околината има 30, додека по еден имаат Охрид, Гостивар и Штип.

Повеќе детали за новозаразените очекуваме од министерот Венко Филипче кој во текот на денот ќе има прес-конференција.

Сите информации околу коронавирусот во Македонија, можете да ги најдете на следниот ЛИНК