Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на јавните обвинители, и изрази поддршка за работата на оваа организација во која членуваат јавни обвинители и стручни јавнообвинителски службеници.

„Највисоко на мојата агенда ќе ги поставам гаранциите за вашата независност и самостојност во постапувањето. Ќе барам резултати, но и ќе се залагам да ги имате потребните услови за работа“, рече Коцевски, кој и самиот девет години бил член на Извршниот одбор на Здружението.

Тој истакна дека од изборот на новите органи и практичното рестартирање на Здружението во декември 2022 година, веќе се реализирани неколку успешни активности, а како особено корисни ги оцени дискусиите со поддршка на ОПДАТ и Амбасадата на САД за процедурите на спогодување и за обезбедување докази од странство, потпишувањето на Протоколот за соработка со МВР, како и иницијативата на Здружението при предлагањето на измените на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.