Ковачевски: ЕСМ е отворено за соработка со АД Скопје Север

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АД ЕСМ е отворено за соработка и со АД Скопје Север со цел да се обезбеди топлинска енергија за граѓаните на Чаир, Бутел и околината кои ги користат услугите од оваа топлана, повтори денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

-Досега имавме неколку работни средби со претставници на АД Скопје Север вклучително и со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Како компанија, тие имаат обезбедено дел од потребните ресурси за овој период од годината, а ние како компанија можеме да склучиме со нив договор за деловно техничка соработка исто како и претходната грејна сезона за да можеме да помогнеме во делот на обезбедување на природен гас, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Следната опција, додаде, е да направиме договор за закуп како што направивме со топланите Исток и Запад со приватната к мпанија Адора.