Ковачевски на средба со претставници на Американскиот еврејски комитет: Унапредувањето на универзалните вредности и почитта кон разликите се наши заеднички цели

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со претставниците на Американскиот еврејски комитет, претседателот Мајкл Тичнор и извршниот директор Дејвид Харис.

На состанокот беше изразено задоволство од успешната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Американскиот еврејски комитети уште еднаш беа повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот на Република Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за значењето на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД, при што, како што беше истакнато, остануваме стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД, посветен на сочувување на безбедноста, слободата и демократијата.

На средбата беше оценето дека билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Израел се на високо ниво и дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата, трговијата, но и во енергетиката, земјоделството, стратапите и технологијата.