Ковачевски: СДСМ го заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, никој не беше оставен сам

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Ако погледнеме прво за најважното, за економијата, за животниот стандрад на граѓаните, на работниците, професорите, наставниците, пенизонерите, полицајците, војниците, ранливите катгории на граѓани, сите тие факти потврдуваат дека со СДСМ растат платите, секој добива повеќе. Ветивме просечна плата од 500 евра денес, не  само што го исполнивме, туку денес просечната плата е 630 евра повеќе од тоа што ветивме, денес благодарени на политиките на СДСМ имаме 270 евра повисока плата од таа во времето на ДПМНЕ.” рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

Претседателот Ковачевски посочи дрка платите ќе продолжат да растат со СДСМ и декс новата програма ќе содржи мерки и за раст на минималната плата и за раст на просечната плата.

„Минималната плата веќе од наредниот месец ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари.  Со последното покачување минималната плата е за 150% поголема  во споредба од она во времето ДПМНЕ” рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на поддршката на СДСМ за пензионерите но и за работниците и компаниите: Пензионерите со СДСМ добиваат во просек 6.400 денари повеќе од она што имаа во времето на ДПМНЕ. Оебзбедивме и рекордна поддршка за домашните компании, и ако некому треба да заблагодарат македонските компании домашни што за прв пат во историјата добија финансиска поддршка вредна 100 милиони евра. 919 компании во државата кои никогаш во времето на ДПМНЕ не ни сонувале да добијат финансиска поддршка, го добија со СДСМ” рече Ковачевски.

Говорејќи за справувањето со кризата, Ковачевски истакна дека со полтиките во време на криза СДСМ го заштити стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

„Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии имаа проблеми во текот на кризата. Ние ги стабилизиравме и ги намаливме цените. Инфлацијата која беше 20% сега е само 3%. 90% ја субвенциониравме цената за 660 000 семејства во државата, обезбедивме топлинска енергија. Највисоко ниво на субвенции, 30% испплатени предвремено, сѐ се тоа придобивки за граѓаните, тоа се придобивки за цела држава, бидејќи богато земјоделство, големо производство е повисок животен стандар да сите граѓани.  И за оние кои работат во приватниот но и за оние кои работат во јавниот сектор” рече Ковачевски.