Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“.

„Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува. На листата производи со гарантирана цена влегуваат и пијалоците. Донесовме и нова одлука за намалување на маржата за овошјето и зеленчукот, па дополнително ќе се намали цената на овие производи до 30%“ рече Ковачевски.

Ковачевски рече и дека е донесена на владина седница одлука за највисока трговска маржа до 10% на големо и 15% на мало. Гарантираната цена ќе важи до 30 ноември.

„Со денешната одлука на Владата, на листата се вклучени и безалкохолните, газираните и негазираните пијалоци и пивото“, потенцира Ковачевски.