Ковачевски: Секој кој извршувал општествена функција има право на апанажа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски го коментираше барањето за апанажа. Тој кажа дека секој кој извршувал општествена функција, има право на апанажа, и не е точно тоа дека секој носител на функција кога ќе поднесе оставка, нема право на таа обврска.

„По закон, мандатот на претседател на влада и на членови на влада завршува на 100 дена пред изборите, било кој претседател на влада и било кој министер, бидејќи кога ќе даде претседател на влада оставка, и министрите се во оставка. Согласно оставката е законски, заради исполнување на законската постапка, мандатот да престане на 100 дена пред изборите. Било кој да бил претседател на владата, неговиот мандат завршува 100 дена пред изборите. Јас сметам дека некој извршувал општествена функција, треба да следува апанажа, да може да искористи одреден временски период додека својата кариера ја насочи кон нешто друго. И кога работите во приватни компании на именувани функции, тогаш следуваат такви обврски“, рече Ковачевски.