Ковачевски: Случајот со онкологија да не се политизира, протестот е добродојден за да врши притисок врз институциите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во 18 часот на социјалните мрежи е најавен мирен протест пред Владата по случувањата на клиниката за онкологија и грозните информации кои пристигнуваат во врска со истрагата од обвинителството и од МВР.

Димитар Ковачевски коментираше дека го разбира протестот и дека е добродојден за да направи притисок врз институциите.

„Јас го разбирам протестот на граѓаните и нивната загриженост и нивниот бес. Правото на протест во вакви случаи е добродојдено затоа што врши притисок врз институциите да ја завршат работата. Да не се политизира случајот, станува збор за истражни дејствија и нема да има пардон за никого, очекувам професионална, брза истрага која ќе идентификува поединци кои се огрешиле пред закон и пред етичките принципи на докторската фела. Раковоството на клиниката за онкологија целосно соработува со службите на МВР“, рече Ковачевски.