Ковачевски: Собранието не е супермаркет – Мицкоски: Заинтересирани само за коалиција со албанската опозиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И покрај блокадата од страна на ВМРО ДПМНЕ, премиерот Ковачевски вели дека Собранието функционира,  споменувајќи го донесувањето на дневниот ред на пленарната седница и почеток на дебата за избор на уставни судии. Тој  уште еднаш повтори дека е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголемата светска економска криза и ги повика  пратениците да бидат одговорни.

Но и покрај повиците на власта за конструктивност, опозициската ВМРО ДПМНЕ нема намера да попушти,  Мицкоски  најави дека ќе преземат и други чекори.

Барање на ВМРО ДПМНЕ останува за  предвремени парламентарни избори и додека не ја постигнат оваа цел ќе продолжат во Собранието да го  блокираат се она што според нив,  не е во интерес на граѓаните.

Мицкоски вели дека ќе работат,  на тоа избори да има оваа година! Тој рече дека единствената опција на ВМРО ДПМНЕ за соработка на наредните избори се албанските опозициски партии, а исто така спомена и укинување на балансерот и Бадентер за како што кажа, да може да се спроведат реформите.

Прашан за последната случка во Собранието каде на аудио снимка се слуша како некој им вика и ги навредува вработените, Мицкоски рече дека „се срами што го познава Џафери“ додавајќи дека е зачуден што Ковачевски ги затворил очите и ушите во врска со настанот.