Криминал од највисок степен – подметнувачите на пожари ќе се „ловат“ со дронови!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дронови и термални камери ќе бидат во функција 24 часа, се со цел „ловење“ на можни подметнувачи на пожари.

Оваа информација ја истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев при посетата на местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума.

Како што вели, ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови.

„Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен“, вели Јанев.

Јанев, исто така, се заблагодари за пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, како и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка, вели, пожарите не може да се стават под контрола.