Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО – оштетен буџетот за 22.215.675 денари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Повторно зголемен бројот на заразени – „Фајзер“ го испрати договорот, вакцините пристигнуваат во март?!

За 56% е зголемен бројот на новозаразени со Ковид 19. Најпогодени се лицата на 60 годишна возраст а најголем...

Позајмуваме 700, за да вратиме 500 милиони евра – остатокот од осмата еврообврзница за лекови и вакцини

Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра. „Ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница издадена во 2014...

МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред...

Продолжуваат напорите за „крадење“ пратеници – 90 дена мир за Заев, ако опозицијата не обезбеди мнозинство

Еден ден откако ја доби довербата на 62 пратеници од мнозинството, премиерот Зоран Заев вели дека е среќен. Верува...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење во службата, бидејќи како одговорен проект менаџер потпишала и потврдила прием и имплементација, а со тоа и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален и со тоа го оштетола буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675 денари.

Кривичната пријава против лицето К. Г. – член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година е поднесена до Основното јавно обвинителсво Скопје на ден 18.01.2021 година.

– Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари, информираат денеска од Управата за финансиска полиција.

Лицето К.Г. со сомничи за сторено кривично дело „несовесно работење во служвата“ од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик.