Кривични пријави и суспензија за полицајците кои земале мито на Блаце

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р.  ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

-Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници, информира МВР.