КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски со честитка до Бајден: САД е нашиот стратешки партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.Според претседателот, САД е...

Пописот, мета за нишанење во политиката, и власта и опозицијата со апел за разумност

Пописот на населението е статистички процес, но во Северна Македонија се користи за политички препукувања.Пред неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити...

Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките...

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се прогласи како неработен ден, потребно е да се направи само дополнување на законското решение во кое ќе се прецизира дека недела е ден за одмор, а оние коиќе работат треба да земаат за 50 отсто повисока дневница.

Се друго според КСС  би било неприфатливо од причина што ќе се направи дискриминација со селектирање кој може, а кој не може да работи во недела.

-КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: – Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%.  Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота, наведуваат од ККС во соопштение испратено до медиумите.

Со ваква измена сметаат дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што во Законот за работни односи, член 117 став 5 вели дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно.

Според КСС со ваква измена во членот 134 и имајќи го предвид членот 117 каде што кажува колку најмногу може прекувремено да работи еден работник, се заштитува работникот од една страна, да не може да работи секоја недела, а од друга страна исплатата на дополнителна зголемена дневница го задоволува трудот кој сега би имал додадена вредност и капиталот се распределува порамноправно.

-Сето друго сметаме дека е чист популизам. Од една страна трговците лицитираат и лобираат, од друга страна ќе се направи хаос во Законот за работни односи, доколку се опишува кои дејности треба да работат, а кои не. Во време на економска криза многу лесно може да се случи заради неработење во недела да се намалат платите и да се кратат работни места, наведуваат од КСС.

Од тие причини  препорачуваат дека во моментот нивниот предлог е можеби најприфатливо решение за сите засегнати страни.