Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска истакна дека премиерот Христијан Мицкоски во изминатите денови излегува со различни изјави.
„Еднаш повика на предвремени избори, вчера гледаме еден вид на ретерирање од таа изјава. Ние сме подготвени за избори, доколку и власта е спремна за тоа нека го направат тие тој чекор“, вели Кузеска.