Ландсбергис: Балтичките земји поддржуваат што е можно побрз влез на Украина во НАТО

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелус Ландсбергис истакна дека трите балтички земји го поддржуваат влезот на Украина во НАТО што е можно поскоро.

„Балтичките пријатели на Украина целосно го поддржуваат влезот на Украина во НАТО што е можно поскоро. Инспиративната храброст на Украина може само да го зајакне нашиот сојуз”, напиша Ландсбергис на Твитер, додавајќи емотикони на Естонија, Летонија и Литванија.