Лавров: Проблемите на сите балкански земји потекнуваат од западните сили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лавров денеска на прес-конференција на маргините на 30. Министерскиот состанок во Скопје, која се одржува паралелно со третата сесија на состанокот. На прашање како гледа на идентитетската агресија врз Македонија од страна на Бугрија, тој кажа дека проблемите на регионот, особено во земјите на поранешна Југославија влечат корени од Западот.

 -Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.