Лекувањето ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари, бара главниот координативен кризен штаб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук истакна дека на денешниот работен состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски било разговарано за измената на Законот за здравствена заштита.

Министерот посочува дека измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.

„Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на ГККШ, предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе се најде на седница на Влада“, додава Филипче.