Локални избори во Подгорица и Котор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Граѓаните на Подгорица и Котор денес гласаат на локалните избори, а избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, известуваат црногорските медиуми.

Во Подгорица, право на глас имаат 145.724 избирачи кои ќе избираат од 13 листи, додека во Котор 18.498 граѓани ќе одлучуваат помеѓу 12 листи.

Во изборната трка учествуваат коалицијата „Движењето Европа сега“ и „Демократска Црна Гора“, како и коалицијата „За иднината на Подгорица“, составена од „Нова српска демократија“, „Демократска народна партија“, „Социјалистичка народна партија“, „Обединета Црна Гора“, Работничка партија, „Слободна Црна Гора“ и „Вистинска Црна Гора“.

Покрај тоа, на изборите учествуваат и коалицијата „За подобра Подгорица Јаков Милатовиќ“, која обединува Движењето за Подгорица, Граѓанското движење УРА и Движењето за промени, како и Демократската партија на социјалистите и Бошњачката партија.