Лукаревска: По долги години влеговме во контрола на карго превозниците, ги следиме сите трансакции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорната на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека по долги години конечно влегле во контола на карго превозниците.

„Сега сме посветени како институција во контрола на повеќе целни групи, функциониравме со Државниот инспекторат за труд кај овие работодавачи коишто не исплатиле плати. Секаде сме влезени во контроли, кај карго превозниците – таму којзнае од кога не се спровеле контроли“, истакна Лукаревска.

Директорката вели дека постапуваат по сите барања кои им ги доставуваат од Управата за финансиско разузнавање.

„Од таму ги следиме сите приливи, одливи, позајмици кои што ги имаат одредени компании или физички лица. Има одредени физички лица кои се пријавени на минималец, а имаат голем имот и таму се постапува по посебни постапки“, додава Лукаревска.