Македонски државјани се јавувале во амбасадата во Израел, но досега никој не побарал помош или евакуација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се јавувале во нашата амбасада во Израел со цел да добијат информации за состојбата, но досега никој не побарал помош или евакуација по вчерашните ескалации. Ова го потврдуваат од МНР за ТВ21.

Утрово, Министерството за надворешни работи потврди дека во нападите нема повредени македонски државјани, испраќајќи апел до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

СОС дежурните телефони на Министерството:

+389 75 273 732

+389 75 268 736

Дежурен телефон на Амбасадата во Тел Авив:

+972-54-926-737