Маричиќ ја демантира Стојановска: Ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил истакна дека на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска не и испраќал бакнежи.

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.

Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.

Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.

Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, пишува Маричиќ.