Маричиќ: Опозицијата бара предвремени избори бидејќи на тој начин ја покриваат неспособноста на нивните градоначалници да испорачаат било што за граѓаните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека опозицијата барала предвремени избори бидејќи на тој начин ја покривала својата безидејност и неспособност на нивните градоначалници да испорачаат било што за граѓаните.

„Тотално е против интересите на граѓаните и државата да се бараат или пак да се организираат избори во таква најкризна година, кога сите држави гледаат како да излезат“, вели Маричиќ.