Марјан Шокаровски вратен на директорското место во кардиохирургија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Марјан Шокаровски, разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, е вратен на старата позиција.

Шокаровски беше разрешен од страна на претходниот министер Илир Демири, поради зголемена смртност на Клиниката, и поради наводен мобинг врз професорот Сашко Јовев.

Шокаровски го тврдеше спротивното, и денеска, веднаш по стапување на функцијата на новата Влада, тој е вратен на оваа позиција.

Демири го пријави Шокаровски и во Обвинителството.