Денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 дебатираме за проблемите во Градот Скопје, со советниците Љубица Јанчева, Анета Марковска-Илиевска и Никола Пановски.
Марковска-Илиевска рече дека проблемот е што се смениле 10 директори во ЈСП, и дека во другите јавни претпријатија се најавуваат проблеми.
„Благодарение на лошото менаџирање на градот Скопје и менување на 10 директори на ЈСП, дојдовме до оваа ситуација. Ова не е криза, ова е крах на ЈСП. Во иднина очекуваме и во другите јавните претпријатија каде што има проблеми“, рече Марковска-Илиевска.