Маж и нудел сексуални односи на стјуардеса, а потоа се обидел да ја отвори вратата при полетување – обвинителството вели имал 10 супстанци со канабис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

26-годишниот Американец кој ѝ понудил сексуален однос на стјуардесата и се обидел да ја отвори вратата на авионот на Американ ерлајнс за време на лет од Сиетл до Далас зел повеќе од 10 супстанци на база на канабис.

Според соопштението на американското обвинителство, човекот е Ерик Гапко. Тој бил доста гласен и им пречел на останатите патници обидувајќи се неколку пати да ги отвори надворешните врати на авионот.

„Викаше дека е нормален и дека не сака да се повреди“.

Со помош на патниците, екипажот го задржал, но летот бил пренасочен на аеродромот во Солт Лејк Сити за да се симне разбеснетиот патник.

Во моментот на апсењето, Гапко изјавил дека „не бил сигурен во содржината на THC во милиграми за секој од производите“ што ги консумирал.