Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка – неколку лица загинаа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку луѓе загинаа, а други се повредени за време на нападот во норвешкиот град Конгсберг, соопшти локалната полиција.

Осомничениот напаѓач користел лак и стрела, изјави за Си -Ен -Ен портпаролот на југоисточната полициска област во Норвешка, во која е и Конгсберг.

Осомничениот нападнал луѓе на неколку локации пред да биде уапсен, рече портпаролот.

Локалната полиција прво била известена за осомничениот во 18 часот и 15 минути по локално време.

Уапсен е неименуван маж, а полицијата се уште не даде конкретен одговор за тоа дали нападот е поврзан со тероризам.

На прашањето дали ситуацијата се третира како тероризам, службеник за печат на норвешката полиција рече дека „се уште не е јасно, рано е да се каже“.

Конгсберг се наоѓа 85 километри западно од главниот град Осло.